Ekipa
31 Јули 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) – Новинарот на Агенција Анадолија (АА) Адмир Фазлагиќ е добитник на наградата за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година.
Информацијата ја соопшти Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на официјалниот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
„Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружение на новинарите на Македонија - ЗНМ и UNHCR-Skopje информира дека добитник на Втората награда на „Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година“ e Адмир Фазлагиќ за написот „Хуманитарката Здравкин: Тежок е патот на бегалците“ медиум на објавување: Anadolu Agency Macedonian“, се наведува во објавата на МЗМП.
Линк до наградениот текст: Хуманитарката Здравкин: „Тежок е патот на бегалците“ http://v.aa.com.tr/1883690
Потсетуваме, новинарот на Агенција Анадолија (АА) за професионално известување за состојбата со бегалците од МЗМП, ЗНМ и УНХЦР-Скопје е награден и во 2017 година за написот ,,Слепиот сириски бегалец Леис:Музиката е мојот живот„