Furkan Abdula
28 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје под покровителство на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) и во организација на Здружението „Ќопру" (Мост) се одржа комеморативна програма по повод 71. годишнина од егзекуцијата на четворицата припадници на движењето „Јуџел" кои беа егзекутирани од страна на комунистичкиот режим во поранешната Југославија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оваа програма учествуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, членот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, како и претставниците на турските и локални институции и организации во земјата, и бројни студенти.
Во рамки на програма се читаа делови од Куранот, а беше прикажан краткометражен филм во врска со движењето „Јуџел".

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, во своето обраќање пред присутните се осврна на значањето на движењето Јуџел, и рече дека во понатамошен период ќе организираат и различни активности со цел пренесување на важноста на ова движење и неговите припадници до идните генерации.
„Ако не можеме добро да ги разбереме припадниците на Јуџел, не можеме добро да ја разбере ниту состојбата во која се наоѓаме денес. Затоа, ако немаше да се случи оваа егзекуција, овој масакр пред 71 година, можеби Турците од Северна Македонија ќе беа во многу поразлични позиција од аспект на популација и влијание“, рече Емин.
Членот на Уставниот суд на Северна Македонија, Мурат, нагласи дека во период од 1950 и 1960-тите години од земјата биле принудени да мигрираат околу 300.000 Турци.
Мурат рече дека припадниците на Јуџел платиле цена со нивниот живот и имотите за Турците.
„Припадниците на Јуџел се автентично наследство на турското присуство во Северна Македонија. Ние за жал со години не можевме да го споделиме ова наследство. Османлиската држава беше Румелиска држава. Таа својот врв и својата најголема болка ги доживеа во Румелија. Движењето Јуџел е врвот на оваа болка“, додаде Мурат.
Од друга страна, професорот на Тетовскиот државен универзитет, проф. д-р Сулејман Баки, одржа говор за значањето на припадниците на „Јуџел" и со присутните сподели информации околу ова движење и неговите припадници.
Баки истакна дека оваа програма има голема важност за сеќавање на четирите егзекутирани припадници на Јуџел на 27 февруари 1948 година, и од аспект на разбирање на борбата на движењето Јуџел за Турците од Северна Македонија.
„Движењето Јуџел е една борба на турската заедница, турксите интелектуалци и муслимани во тој период во Северна Македонија. Ова е една национална, духовна, верска, политичка и морална борба. Институциите кои ги формирало ова движење се институции кои оставиле белег во историјата“, нагласи Баки.
„Основањето на весникот Бирлик, тоа што играле улога и во формирањето на Турскиот театар и во претставите во овој театар, подготовката на театарските игри, едуцирање на наставниот кадар во Тефејуз се доказ за присуството на Турците во Северна Македонија од економски, политички, трговски, културен, и социјален аспект. Иако помина 71 година, ова мислење кое го формирало движењето Јуџел, Турците во Северна Македонија ги држи будни и силни“, рече Баки.
- Движењето „Јуџел“ -
Турците коишто живееја во земјава, во 1937 година почнаа да се обединуваат со цел да ги сочуваат националните и духовните вредности, своите обичаи и традицијата.
Во 1945 година на организацијата и беше дадено името „Јуџел“. За претседател на организацијата беше назначен Шуајб Азиз Ефенди, кој се школувал во скопската медреса „Атаулах Ефенди“, а студиите ги продолжи на Универзитетот „Ал Азхар“ во Египет, каде што студирал во областа на верското право, мистицизмот и филозофија на западниот свет.
Во рамките на напорите на поранешна Југославија за елиминирање на сите национални организации, во август 1947 беа приведени 17 лица, за кои започна судски процес.
На 25 јануари 1948 година судот на смртна казна осуди четворица членови на движењето „Јуџел“, Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер, кои беа стрелани на 27 февруари истата година. Останатите притворени членови на „Јуџел“ беа осудени на тешки затворски казни.