Dzihat Aliju
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Уставниот суд на Турција Зухту Арслан во рамките на посетата на Македонија, учествуваше на конференција што ја организираше Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје.
Арслан, кој заедно со својата делегација се наоѓа во посета на Македонија, го посети ИБУ, каде имаше свое обраќање на конференцијата на тема „Уставното судство во Турција вчера, денес и утре“.

Во разговорот со новинарите пред почетокот на конференцијата, Арслан изјави дека на покана на Уставниот суд, се наоѓа во посета на Македонија, истакнувајќи дека имале многу продуктивни состаноци во земјата.
Зборувајќи за соработката меѓу уставните судови на двете земји, Арслан рече: „Имаме многу длабоко вкоренета соработка со Уставниот суд на Македонија. Имаме договори за билатерална соработка и подолг период продолжуваат нашите меѓусебни консултации. Станува збор за споделување на искуство и знаење. Затоа веруваме дека ова посета уште повеќе ќе ја развие оваа длабоко вкоренета врска“.
Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, на новинарите им ја истакна својата чест што претседателот на турскиот Уставен суд Арслан, својата прва конференција ќе ја одржи во ИБУ, порачувајќи им на студентите на ИБУ да ги искористат информациите што ќе им бидат дадени.
Салих Мурат, член на Уставниот суд на Македонија, го изрази задовоството што се домаќини на членовите на Уставниот суд на пријателската и братска држава Турција.
Зборувајќи за високото ниво на врски меѓу институциите на двете земји, Мурат го рече „Како Уставен суд на Македонија, стекнуваме големи придобивки од огромното искуство на Турција“.
Свои поздравни обраќања на коференцијата имаа и претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Ајдоган Адемоски и Ректорот на универзитетот, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу. Претседателот на Уставниот суд на Турција Арслан, своето обраќање на конференцијата го изведе на англиски јазик.
Покрај информациите за Уставниот суд на Турција, Арслан зборуваше и за обидот за државен удар изведен на 15 јули 2016 година од страна на терористичката организација ФЕТО, истакнувајќи дека турскиот народ му се спротивстави на овој терористички напад.

Арслан потсетувајќи дека Уставниот суд за првпат во својата историја дал изјава за јавноста, тој рече дека институција се заедно со турскиот народ и на отворен начин се изразиле дека се против секој вид на антидемократски иницијативи.
Арслан во рамките на посетата на Македонија, одржа одделни средби со Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Уставниот суд на Македонија, Никола Ивановски.