Admir Fazlagic
09 Јануари 2021•Ажурирај: 10 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 556 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на 86.150, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во изминатото деноноќие починаа 22 лица, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.614.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 67.164.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.372.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.953 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања.