Aldijana Hadzic
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ЗАГРЕБ
По силниот земјотрес во Хрватска, властите на Република Турција изразија сочувство и покажаа спремност за секој вид помош на Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на турската Агенција за развој и соработка (ТИКА) во Загреб, која функционира во рамките на Амбасадата на Република Турција, трага за начините на помош на Хрватска.
Координаторката на ТИКА во Загреб Седеф Булут ги посети Сисак и Петриња ден по земјотресот, што беше прва посета на претставници на странска мисија на погоденото подрачје. Мисијата се состана со градоначалниците за да се разговара за приоритетите за помошта.
Во согласност со тоа, координаторката ги посети Сисак и Петриња на 31 деември и достави 500 ќебиња. Денес повторно беше во Сисак и Петриња каде се поделени 500 пакети со храна и пакети со хигиенски производи.
АФАФ од Турција испрати 272 греалки кои во Загреб стигнаа на 1 јануари, а ги достави амбасадорот Мустафа Бабур Хизлан во Логистичко-дистрибутивниот центар во Јастребарско.
АФАД испрати и 480 шатори кои во Загреб стигнаа вечерта на 3 јануари.
Турција донесе одлука за донација на 100 контејнери, а на пат тргнаа од Истанбул. Триесет од 100 контејнери во Хрватска стигнаа на 7 јануари, а доставени се на луѓето во Глина (12), и по шест во Сисак, Лекеник и Хрватска Костајница.
Осумнаесет контејнери стигнаа денес попладне во Лекеник, а до крајот на денот треба да стасаат уште 16.
Преостанатите 36 контејнери би требало да пристигнатво наредните неколку дена.
Покрај тоа, турските власти донесоа одлука за донација на 100 дополнителни контејнери на Хрватска, а нивната испорака би требала да биде планирана во наредните денови.
Исто така, десет експерти на АФАД се наоѓаат во Хрватска од 4 јанари за да помогнат во општата координација на турската помош и поддршка при оспособување на шаторите и контејнерите.
Претходно, претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во разговор со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ рече дека Турција е искрен пријател и дека ќе продолжи да му помага на хрватскиот народ.