Husamedin Gina
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 30 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.792, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 3 пациенти што имале Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 101.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 26 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.293.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 398.
Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 21.436 тестирања.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, завчера прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.