Yusuf Hatip
17 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Во Белгија, во последните 24 часа бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 291, со што вкупната бројка на дијагностицирани се искачи на 55.280, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од белгискиот Кризен центар се истакнува дека во последното деноноќие 60 лица се хоспитализирани, а 170 лица се оздравени и отпуштени од болница.
Бројот на пациенти што се наоѓаат на интензивна нега, според соопштението, е зголемен за 7, со што вкупната бројка е зголемена на 371.
Според белгискиот Кризен центар, бројот на лица заразени со Ковид-19 е зголемен за 291 во последните 24 часа, и достигнал 55.280, а починале 47 лица.
Од почетокот на епидемијата, бројот на луѓе што починаа во земјата од Ковид-19 се искачи на 9.052.
Од пациентите 48 проценти починале во болница, додека 51 процент во старечките домови.
Белгискиот Национален совет за безбедност оваа недела се состана повторно, откако започна првата фаза од процесот за нормализација на 4 мај.
Говорејќи по состанокот, премиерката Софи Вилмс истакна дека сите културни, спортски и други активности се забранети до 30 јуни, и рече дека веројатно нема да има враќање во нормалниот живот пред почетокот на летото.
Според одлуката донесена на состанокот, на 18 мај училиштата постепено ќе започнат со настава под строги мерки.
Следната фаза ќе започне најрано на 8 јуни. Започнувањето на спортските натпревари и домашниот туризам ќе се оценуваат подоцна.