Husamedin Gina
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 99 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.226, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починати се уште 8 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 631.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.700.
Во моментот активни се 1.895 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 159.387 тестирања за Ковид-19.