Derya Gülnaz Özcan
24 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
АТИНА
Седум лица ги загубија животите кога брод со нерегуларни мигранти се насука кај брегот на островот Антикитера во Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави грчката државна агенција АМНА, чамец со околу 100 луѓе тргнал да префрли нерегуларни мигранти во Италија.
Во несреќата животот го загубија 7 лица, а вкупно 90 лица, од кои 27 деца, спасени се од грчката крајбрежна стража.
Во тек се операции за пребарување и спасување на исчезнатите.