Elvır Hodzıc
05 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
САРАЕВО
Сараевската Вијеќница вечерва е осветлена во боите на националното знаме на санџачките Бошњаци во знак на солидарност и поддршка на Санџак кој во последните денови се соочува со големи предизвици, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со овој чин градот и граѓаните на Сараево испраќаат порака на поддршка и почитување на сите кои се борат за здравјето и животите на граѓаните на Санџак", се наведува во соопштението на Градот Сараево.
Во соопштението се наведува дека пандемијата на Ковид-19 го става здравјето и животите на граѓаните на Санџак на големо искушение.
„Големиот и изненаден пораст на заразените и на оние на кои им треба медицинска помош ги оптеретија постоечките медицински капацитети како и другите служби кои му пружаат помош на населението. Во многумина градови на Санџак недостасуваат лекари и здравствени работници, медицинска опрема, заштитна опрема, лекови и друг материјал", се наведува во соопштението.
Во текстот се наведува дека Бошњаците на Санџак со векови биле дел од Бошњачкото национално битие, а дека нивната борба и придонес за независноста на Босна и Херцеговина се добро познати и вткаени во свеста на сите Босанци и Херцеговци.
„Како што граѓаните на Санџак имаат посебна емоција кон Сараево, така и граѓаните на главниот град на Босна и Херцеговина не го забораваат Санџак во овие тешки моменти", порача градоначалникот Абдулах Скака.
Енис Имамовиќ, пратеник од редовите на СДА Санџак во Парламентот на Србија, ја нагласи важноста на поддршката која Босна и Херцеговина ја испраќа на Санџак, кажувајќи дека таа со себе носи посебна емоција и силно чувство на една целина поврзана со заедничкиот идентитет.
„Од искрените пораки, повици на пријателите и луѓето кои ни доаѓаат на помош гледаме дека подеднакво ја чувствуваме болката, страдањето и неправдата, но и спремноста едни за други да бидеме секогаш тука кога е најпотребно. Посебно ме трогна гестот на Градот Сараево, Вијејќница како свој светски познат симбол да ја обележи со боите на знамето на Санџак со пораките кои на сите нас ќе останат засекогаш врежани во срцата", рече Енис Имамовиќ.
Изразите на поддршката и солдарноста ги поздрави Екрем Лекиќ од Здружението на граѓани по потекло од Санџак, со апел до сите релевантни институции на Босна и Херцеговина, Федерација Босна и Херцеговина и Кантонот Сараево за помош на загрозените места во Санџак.
Бошњачкиот национален совет со голема радост ја дочека веста дека токму БиХ и членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, реагираше прв на лошата ситуација во Санџак, рече Јасмина Цуриќ, претседателката на Бошњачкиот националет совет во Република Србија.
„Веруваме дека наскоро ќе ја надминеме и оваа ситуација и дека наскоро повторно заеднички ќе дочекаме поубави денови. Бошњачкиот национален совет и сите граѓани на Санџак изразуваат благодарност на БиХ на несебичната помош во текот на овие тешки времиња. Бидете уверени дека нема да ја заборавиме оваа поддршка", нагласи Цуриќ.