Zlatan Kapiç,Talha Öztürk
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
БЕЛГРАД (AA) - Министерот за внатрешни работи на Република Српбија Небојша Стефановиќ денеска во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград го посети Нихад Ибрахимкадиќ, камерманот на Anadolu Agency (AA) кој во утринскиот напад недалеку од белградската железничка станица се здобил со потешки телесни повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
Стефановиќ во текот на посетата во изјава за медиумите рече дека полицијата води истрага во секој правец со цел што поскоро пронаоѓање на напаѓачите.
„Она што се случи е дека камерманот на агенцијата Анадолија е нападнат во текот на утринските часови во Немањина улица, од три лица за кои се сомнева, според неговата изјава се мигранти. Ние тоа уште не можеме со сигурност да го потврдиме, но истрагата тече во правец да се утврди дали тоа навистина се мигранти или се работи за некои други лица. Добро што не е нападнат поради професијата која ја извршува, значи, причината на извршување на професијата не е причина на нападот. Не е нападнат поради тоа што е камерман. Нападнат е најверојатно бидејќи напаѓачите сакале да украдат ранец, кој му се наоѓал на грбот, но ние истрагата ја водиме во секој правец. Нема да дозволиме било што да пропусти полицијата. Жал ни е што тоа се случило затоа што секој секој е драг гостин во нашиот град и затоа што секој кој ќе дојде во нашиот град заслучува максимална безбедност. Ние вложуваме огромни напори да ги пронајдеме тие лица и ќе ги пронајдеме и ќе ги уапсиме без оглед дали се мигранти или да не се мигранти", изјави Стефановиќ и додаде:
„Кој и да направи вакво кривично дело мора да одговара. На него му се нанесени тешки телесни повреди и очекуваме од полицијата во наредните саати да го расветли овој случај и да ги приведе осомничените."
Српскиот министер додаде и дека Ибрахимкадиќ е нападнат зад грб. „Се обидоа да му го симнат ранецот, тој се бранеше. Му нанесоа повеќе удари в лице. Се работи за прелом на неколку кости на лицето, за тешки телесни повреди, а треба да го причекаме завршувањето на истрагата поради другите детали."
Пораките на поддршка и желби за поскоро опоравување на камерманот на АА Ибрахимкадиќ денеска упати и претседателот на српската влада Александар Вучиќ.
Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС) и Независното друштво на новинарите на Војводина (НДНВ) најостро го осудија дивечкиот напад на Ибрахимкадиќ, камерманот на Anadolu Agency (AA) и ја повикаа полицијата најитно да ги открие напаѓачите и мотивите на нападот.
Нападот на камерманот на Anadolu Agency го осуди и претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ и побара од ластите на Србија брза и ефективна истрага и приведување на извршителите на нападот.
Нихад Ибрахимкадиќ, камерман на Anadolu Agency (AA) нападнат е рано утрово во близина на железничката станица во Белград. Ибрахимкадиќ е тешко повреден, а по нападот го пронашле припадниците на жандармеријата и го префрлиле на Военомедицинската академија (ВМА) каде утре ќе му биде извршен опетивен зафат.
Неидентификуваните лица го нападнале Ибрахимкадиќ од грб, без никаков повод. Напаѓачите не зборувале, ниту на снимателот му ги однеле вредните предмети. Снимателот на АА е нападнат рано утрово по враќањето од БиХ каде престојувал на новогодишен одмор.
За нападот на камерманот на АА известени се надлежните органи на Република Србија како и амбасадата на БиХ и амбасадата на Турција.
Нихад Ибрахимкадиќ во Србија како камерман на АА е ангажиран од 2012 година.