Zülfiya Yakup
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) – Владата на Косово одлучи да го одбие барањето на претседателот на Србија, Томислав Николиќ и другите високи функционери на Владата на Србија кои утре на празникот Бадник намераваа да ја посетат косовската општина Штрпце во која живее мнозинско српско население, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Министерството за надворешни работи на Косово до одбивање дојде поради доцнење во поднесувањето на барањето за посета на Косово, како што тоа е предвидено со договорот за издавање на дозволи за официјални посети на високите функционери помеѓу двете земји.
„Владата на Косово смета дека последното однесување на Србија и изјавите една по друга се спротивни на духот на меѓудржавната соработка и достигнувањата во дијалогот во изградба на здрава соработка помеѓу двете држави и народи. Исто така, тие се против интересите на српските граѓани на Косово, кои одлучиле да живеат на Косово", се наведува во соопштението.