Zülfiya Yakup
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, задоволен е што е избегнато заострување на политичката и безбедносната ситуација на Косово и во регионот, како што рече со „запирањето на илегалното влегување на пропагандистичкиот воз од Србија на територијата на Косово", пренесува Anaddolu Agency (AA).
Тачи на својот Фејсбук профил напиша дека Косово ја почитува слободата на движењето на луѓето и стоката и дека во таа цмисла се отворени новите гранични премини со соседите и постигнат е договор за преминување на границата само со лична карта.
„Во последно време, како дел од старо сценарио, Србија за жал презеде константна провокативна кампања која има за цел да произведе тензии на Косово и регионот, а дел од тоа сценарио беше и претворањето на возот во пропагандно средство", наведе Тачи.
Според неговите зборови, косовската власт оцени дека во интерес на мирот и стабилноста на регионот било да се не дозволи влегувањето на илегалниот пропаганден воз и затоа органите на редот и безбедноста презедоа мерки да се спречи загрозувањето на интегритетот и суверенитетот на Косово.
„Се надевам дека спрските власти сфатија дека таквото делување било илегално и во спротивност со духот на дијалогот и соработката кој го промовираме во регионот" порача Тачи.
Додаде дека заканите на српските власти се подготвени да војуваат и да испратат воени сили на Косово, говорат јасно дека целите на Србија се исти со оние на режимот на Милошевиќ од 90-те, како и дека тие закани се неприфатливи и во спротивност со дијалогот за нормализација на односите и директно го загрозуваат мирот на Западен Балкан.
Косовскиот претседател повика на продолжување на патот на дијалогот, соработката и примената на договорите постигнати помеѓу двете земји во Брисел.