Aldijana Hadzic
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
СИСАК (АА) - Земјотрес со интензитет од 3,5 степени го потресе подрачјето јужно од Петриње, во Хрватска, известува Агенција Анадолија (АА).
Во ноќта од саботата кон недела, односно во 1 часот и 12 минути, сеизмографот на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерен земјотрес со интензитет од 3,5 степени, чиј епицентар се наоѓал на 7 километри јужно од Петриње, кај Доња Будичина.
Во соопштението се наведува дека интензитетот на земјотресот во епицентарот изнесувал IV-V степени на EMS.
Хрватските медиуми известија дека земјотресот е почувствуван до Загреб, а граѓаните биле вознемирени.
На 29 декември 2020 година земјотрес со интензитет од 6,4 степени го потресе подрачјето на Сисачко-мославинската жупанија со епицентар на три километри југозападно од градот Петриње. Во тој земјотрес смртно настрадаа седум лица.