Husamedin Gina
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон истакнувајќи дека Северна Македонија е во Европа и географски и историски, рече дека сега земјата е еден чекор поблиску до нејзината посакувана цел, зачленување во Европската унија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со владината делегација со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата денес ја пречека шпанската владина делегација предводена од премиерот Педро Санчез Перез-Кастехон, кој престојува во еднодневна официјална посета на Северна Македонија.
По церемонијата на пречек и билатералната средба, премиерите Ковачевски и Кастехон во Медија центарот на Владата дадоа изјава за медиумите.
Заблагодарувајќи му се на премиерот Ковачевски за неговата европска визија пред било кој друг интерес, Кастехон рече Северна Македонија е во Европа и географски и историски.

„Го деблокиравте патот којшто ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде. Северна Македонија е во Европа, како географски така и историски. И сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел“, нагласи Кастехон.
Педро Санчез Перез-Кастехон посетата на регионот, ја оцени како симболична поради две основни причини, како прво дека пред неколку дена се деблокира процесот за отпочнување на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и второ, обединетоста на ЕУ против бруталната агресија на Путин во Украина.
Истакнувајќи како Влада на Шпанија ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија и во период кога ќе претседаваат со Европската унија, Кастехон рече дека ја поддржуваат Северна Македонија, и ќе продолжат да ја поддржат во реформите кои се потребни за зачленување во Европската унија.

Премиерот Ковачевски на прес конференцијата подвлече дека е задоволен од тоа што е домаќин на првата посета на шпански премиер во Северна Македонија.
„Ова историска посета е симбол на речиси 30 години одлични билатерални односи помеѓу двете земји. Сакам во мое има и во името на сите граѓани да изразам благодарност за силната поддршка на Шпанија за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, нагласи премиерот Ковачевски.
Со отпочнувањето на преговорите, како што рече премиерот Ковачевски, нашиот идентитет, нашата посебност, она што е карактеристично, македонско, наше, ќе остане автентично македонско и во европската унија, од една страна, а ќе го збогати сложениот европски идентитет од друга страна.

Наведувајќи дека Северна Македонија е подготвена за ЕУ и дека со цврст чекор оди напред кон полноправно членство во Унијата, премиерот Ковачевски рече дека тоа е процес од кој нема да отстапи бидејќи местото на Северна Македонија е во ЕУ.
Посетата на Педро Санчез Перез-Кастехон на нашата држава е дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Санчез, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.