Stipe Majic
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа забележани се 542 нови случаи на заразување со вирусот SARS-CoV-2, а уште едно лице почина од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на активни случаи во Хрватска денеска вкупно изнесува 2.206“, соопшти Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска.
Меѓу нив се 361 пациент на болничко лекување, а на респиратор се наоѓаат 27 пациенти.
Почина едно лице.
„Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, евидентирани се вкупно 18.989 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 310 починаа. Вкупно оздравеа 16.473 лица, од кои 165 во последните 24 часа“, се наведува во соопштението.
Во самоизолација се наоѓаат 10.908 лица.
До денеска вкупно се тестирани 344.533 лица, од кои 5.939 во последните 24 часа.