Hamdi Yıldız
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
ТРИПОЛИ (АА) - Владата на национално единство во Либија го најави започнувањето на реализацијата на националниот план за развој на секторот за нафта и гас, со цел зголемување на дневното производство на нафта во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Абдул Хамид ал Дбејбе присуствуваше на церемонијата на објавување на започнувањето со реализација на планот за развој на секторот за нафта и гас.
Ал Дбејбе рече дека дневното производство на нафта ќе се зголеми на милион и 400 илјади барели во 2022 година, а тоа количество дополнително ќе се зголеми во наредните години.
Тој потсети и дека е формирана Комисија за планирање на развој на Националната нафтена корпорација во 2022 година.
Додаде дека Комисијата препорачала да ѝ се доделат буџетски средства за да се подобри финансиската состојба на вработените во секторот и да се исполнат наталожените обврски.
Либиската нафтена корпорација во соопштението од февруари истакна дека дневното производство на нафта во земјата изнесува 1.200.000 барели.