Tuba Şahin
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА
Во Турција во август оваа година бројот на новоотворени компании е поголем за околу 77 отсто во однос на истиот период во 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Унијата на стопански комори и берзи на Република Турција (TOBB), вкупно 9.352 компании започнаа да работат минатиот месец, што е повеќе за 76,4 отсто во однос на истиот месец минатата година кога беа отворени 5.301 компанија.
Истовремено, 1.241 компанија започнаа со работа, што е 28,6 отсто повеќе во однос на август минатата година.
Бројот на нови компании со странски партнери или странски инвестиции достигна 1.037 во август, во однос на 971 истиот месец минатата година.
Според податоците на Унијата, во Турција, во првите осум месеци 2020 година се отворени 63.309 компании, што е повеќе за 20,7 отсто во однос на истиот период минатата година.
Бројот на компании што престанаа со работа во периодот од јануари до август изнесува 8.492, што претставува пораст од 11,78 отсто на годишна основа.