Şeyma Uzundere
10 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ казнет е со 2,8 милијарди долари (околу 2,35 милијарди евра) за монополско работење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на кинеската Државна канцеларија за пазарот (SAMR) се наведува дека „Алибаба“ ја ограничува конкуренцијата и ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот така што го спречува слободното движење на стоки.
Кина на 8 февруари воведе нови прописи со цел да ги спречи монополските практики на големите технолошки компании во земјата.