Aşkın Kıyağan
02 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
ВИЕНА (АА) - Докторка е парично казнета бидејќи ампутирала погрешна нога на 82-годишен пациент во болница во Линц, Австрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Окружниот суд во Линц ја објави одлуката за постапката која е во тек против 43-годишната докторка обвинета за нанесување телесни повреди на својот пациент.
Судот соопшти дека докторката, која во мај на пациентот му ја оперирала десната наместо левата нога, е казнета со парична казна од 2.700 евра.
Таа призна дека направила голема грешка.
Судот одлучи и на вдовицата на пациентот, кој почина пред последното рочиште, да ѝ бидат исплатени 5.000 евра.
Роднините на пациентот поднеле тужба против докторката која го оперирала 82-годишниот пациент, што се лекувал поради болки во двете нозе во болницата во Линц, и наместо левата му ја ампутирала десната нога.