Gülşen Çağatay
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА (АА) – Капацитетот на обновлива енергија во светот минатата година се зголеми за 260 гигавати, достигнувајќи вкупно 2.799 гигавати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на „Статистика за обновлив капацитет за 2021 година“ на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) како резултат на спроведувањето на вистинските политики за зголемување на инвестициите, во светски рамки зголемен е капацитетот на обновлива енергија.
Со тоа, минатата година капацитетот на обновлива енергија се зголеми од 260 гигавати на 2.799 гигавати.
Во овој период, 127 гигавати енергија е произведена од сонцето, додека 111 гигавати од ветер.
Наведувајќи дека извонредните зголемувања на обновливите извори на енергија минатата година се забележителни, претседателот на Меѓународната агенција за обновлива енергија, Франческо ла Камера, истакна:
„И покрај несигурноста создадена од епидемијата на Ковид-19 што започна минатата година и чиј ефект сè уште трае, зголемувањето на обновливите извори на енергија дадоа надеж и оптимизам на пазарот. Трошоците особено кај обновливите извори на енергија паѓаат. Благодарение на политиките за конверзија на енергијата, пазарот на опрема за чиста енергија исто така расте. Овој тренд стана незапирлив.“