Husameddin Gina
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) – „Aко економијата е добра сите ние сме добри", истакна претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, на промоцијата на второто издание на „Бела книга 2018“, која има за цел унапредување на бизнис-климата во Македонија преку конструктувни препораки и мислења од компаниите членки, јавува Anadolu Agency (AA).
На промоцијата на книгата присуствуваше Зоран Заев, премиерот на Република Македонија, кој нагласи дека со изданието се испраќа сериозна порака до инвеститорите што функционираат во Македонија.
Тој на промоцијата потсети дека тридецениските аспирации на Македонија за влез во ЕУ и НАТО полека се заокружуваат, а тоа пак, ќе испрати охрабрувачка порака до инвеститорите, странски или домашни.
„Од почетокот на јуни 2019 година, јас го нарекувам политички меден месец за Македонија, каде што деловниот сектор треба да се подготви да ги искористи бенефициите, влегуваме во фаза каде што Македонија ќе има само придобивка, а ќе нема облигации кон обврската Унија. А зошто? Поради тоа што ЕУ овде преку ваквите алатки има механизми како да го крева нашиот економски стандард“, истакна премиерот Заев.
„Белата книга 2018“ ја промовираше претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, кој истакна дека странските инвеститори од Владата бараат стабилност, предвидлива деловна клима, инвестиции во дигитализацијата, реформи во јавната администрација и не толку чести промени во законодовството.
„Препораките на Советот на странски инвеститори се конкретни за тоа како, кога и што треба да се подобри. Тоа е поглавје за даноци, финансии, имотно-правни односи, административни односи, човечки ресурси и заштита на животната средина“, рече Штефан.
„Белата книга“ е добра можност да се види како компаниите со странски капитал во земјава ја перципираат бизнис-климата во Македонија и со какви предизвици се соочуваат при водењето бизнис.