Furkan Naci Top
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
АТИНА (АА) - Стапката на невработеност во Грција во март оваа година падна на 20,1 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Агенцијата за статистика на Грција (ЕЛСТАТ), бројот на невработени во Грција во март изнесуваше 956.260 лица.
Стапката на невработеност во февруари оваа година изнесуваше 20,6 отсто, додека во март падна за уште 0,5 отсто односно изнесуваше 20,1 отсто.
И покрај намалувањето на невработеноста, бројот на невработени млади луѓе во земјата сè уште е многу висок.
Во соопштението на ЕЛСТАТ се вели дека стапката на невработеност кај лицата на возраст од 15 до 24 години е моментално 43,2 проценти.
Највисоката стапка на невработеност во Грција е регистрирана во 2013 година со 27,9 проценти. Грчките власти планираат да ја намалат невработеноста до крајот на годината на 18,4 проценти.