Övünç Kutlu
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ЊУЈОРК (AA) - Цената на суровата нафта од типот „Брент“ вчера порасна за 3,3 отсто. Порастот се случи откако ОПЕК и земјите кои не се членки на ОПЕК одлучија да го продолжат договорот за намалување на производство на нафта до крајот на оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вторникот цената на нафтата од типот „Брент“ изнесуваше 75,39 долари по барел. По порастот од 3,3 отсто, цената на „Брентот“ на берзата вчера е затворена со 77,92 долари.
Цената на американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) во среда се искачи на 68,47 долари за барел, откако во вторникот, на берзата е затворена со 66,73 долари за барел. WTI имаше пораст од 2,6 отсто на дневно ниво.
Договорот за намалување на производството на нафта, кој ОПЕК и Русија почнаа да го применуваат во јануари 2017 година, веројатно ќе продолжи до крајот на оваа година, според извештаите на американските медиуми.
Минатата недела цените на нафтата беа во пад по наводите дека рускиот министер за енергетика, Александар Новак, и саудискиот министер за енергетика, Калид ал Фалих, најавиле дека нивните земји би можеле да го ублажат договорот за намалување на производството по јуни.
Управата за енергетски информации (ЕИА) во својот денешен извештај ќе се фокусира на неделните промени во залихите на сурова нафта во Соединетите Американски Држави (САД).