Muhammed Abud,Zeynep Tüfekçi
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Палестинецот Ибрахим Ебу Суреја, кој 2008 година ги загуби двете нозе во еден воздушен напад извршен од страна на Израел, вчера е убие при интервенција на израелските сили врз протестантите во Газа. Неговиот Татко, Наиф Ебу Суреја рече дека на син му му се исполнила желбата да загине како шехид за Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако 29-годишниот Ибрахим се движеше во инвалидска количка, со подигнато палестинско знаме во рацете, протестираше против американското признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел. Палестинецот Ебу Суреја кој учестуваше на протестите за поддршка на Кудс, пред да загине порача: „Ова е наша земја, нема да ја предадеме”. Оваа порака за кусо време се прошири на друштвените мрежи.
„Денеска е свадбата на Ибрахим”, рече таткото на Наиф во разговор за АА.
Покажувајќи ја на мобилниот телефон фотографијата на својот син, Наиф рече дека му се исполнила желбата на Ибрахим да загине како шехид за Палестина и Кудс.
„Како и секој млад човек, и мојот син сакаше да оформи семејство и сопствен дом. Меѓутоа, израелските бомбардирања го спречија во тоа, оставајќи го без нозе. Израелската војска вчера го уби мојот син, и покрај тоа што беше инвалид. Ова се тешки моменти за нас”, зборуваше таткото Наиф.
Истакнувајќи дека Ибрахим бил посветен борец за правда и за Палестина, неговиот татко рече дека Ибрахим штом чул дека САД го признал Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, веднаш се приклучил на протестите.
Израелските сили вчера во Газа убија двајца, а ранија 82 Палестинци. Еден од двајцата загинати шехиди е Ибрахим Ебу Суреја, кој стана еден од симболите на палестинскиот отпор против израелската окупација.