Vesna Besiç
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во добро расположение денеска е отворена манифестацијата „Њу Делхи Comic Con 2017”, која се смета за еден од најголемите фестивали на поп културата во тој дел од светот, јавува Anadolu Agency (AA).

На манифестацијата можат да се видат костими на популарните ликови од стриповите. Богата програма, бројни костими, извонредни визуелни ефекти, беспрекорна шминка и голем број ѕвезди од оваа индустрија, најавуваат незаборавно искуство за посетителите на манифестацијата.