Emel Öz Gözellik
30 Јули 2018•Ажурирано: 31 Јули 2018
МЕЛБУРН (АА) - Семејство во Австралија го разбудило бучава, а потоа се сретнало со кенгур кој панично се движел по куќата, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Би-би-си“ (BBC) јавува дека кенгурот скршил стакло од куќата и влегол во неа, во подрачјето Дир Парк во Мелбурн.
Сопственикот на куќата, Мафи Ахокаво, изјави дека претходно не виделе кенгур, а кога се разбудиле ги дочекало изненадување.
Манифред Забинскас, од организацијата за заштита на животни „Wildlife Victoria“, која сопствениците ја повикале за интервенција, изјави дека кенгурот бил значително изморен и бил затворен во тоалетот. Му било дадено средство за смирување, а потоа бил изнесен од домот.
Забинскас додаде дека животното го згрижиле со повреди и додаде дека до вакви случаи доаѓа често, а причината за тоа е растењето на градот.