Aldijana Hadzic
09 Јуни 2022•Ажурирај: 10 Јуни 2022
КАРАЧИ (АА) - Во Карачи, Пакистан, претставена е една од најмалите крави во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кравата наречена Кралица висока е 58 сантиметри, а сопственикот поднесе барање во Гинисовата книга на рекорди за и официјално да го добие статусот на најмала крава на светот.
Претходно почина најмалата крава наречена Рани, која е впишана во Гинисовата книга на рекорди, а се наоѓаше во Бангладеш.
Кралица сега чека потврда за рекорд.