Ahmet Furkan Mercan
19 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во земјата живеат над 71.000 лица стари сто години и повеќе, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Министерството објави статистички податоци за сѐ постарата популација во земјата“, јави НХК (NHK).
Податоците покажуваат дека оваа година бројот на луѓето постари од сто години надминал 71.200 лица. Тоа е пораст за 1.480 лица во однос на минатогодишните податоци.
Министерството наведува дека најстарата жена има 116, а најстариот маж 112 години.