Dursun Aydemir
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во европската престолнина Брисел денес се одржа традиционалната манифестација Ден без автомобили, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за манифестација која се одржува секоја година третата недела од месецот септември.

По тој повод, сообраќајот од 9:30 до 19 часот по локално време е затворен во 19 дистрикти на Брисел.
Мештаните и туристите уживаа на улиците без автомобили и звуците на моторите, а многумина тоа го искористија и за безгрижно возење велосипед.
Градскиот сообраќај во Брисел денес е бесплатен, а во текот на денот се одржуваат и неколку спортски и културни настани.