Elvır Hodzıc
25 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
ЧИЛИВАК
Лавиринтот во поле со пченка во местото Чиливак во канадската Британска Колумбија и оваа година предизвикува восхит кај локалното население и посетителите. Станува збор за традиција што ја негува локална фарма, известува Агенција Анадолија (АА).
Овогодишниот лавиринт во полето со пченка во Чиливак е инспириран од детската книга „Детето кое разговараше со Земјата“ (The Boy Who Spoke to the Earth), односно од приказната за дете кое е во потрага по среќа и радост.
25.08.2021 Лавиринтот во поле за пченка во Канада и оваа година го привлекува вниманието на минувачите
- Лавиринтот во поле со пченка во местото Чиливак во канадската Британска Колумбија и оваа година предизвикува восхит кај локалното население и посетителите. Станува збор за традиција што ја негува локална фарма
„Дизајнот на 23. лавиринт го содржи зборот „ТАЛКАЊЕ“ (WANDER), испишан во полињата меѓу планините на кои секојдневно им се восхитуваме. Наша надеж за оваа година е да ја поттикнеме желбата кај децата и возрасните да пронајдат радост околу себе, каде и да се наоѓаат. Нашата порака кон заедницата е дека убавината и среќата се насекаде околу нас доколку одвоиме време да ги побараме. Потсетник да останете присутни додела талкате низ животот“, порача портпаролот на фармата, Чиливак Корн Мејз.