Vesna Besiç
27 Јули 2018•Ажурирај: 28 Јули 2018
СУС (АА) - Во присуство на голем број граѓани, во градот Сус во Тунис се одржа карневалот „Аусу“, годишен празничен и културен настан кој се одржува кон крајот на месец јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година е организиран 59. карневал, што беше повод за голема веселба и широк колорит на бои и костими на улиците на Сус. Станува збор за летен карневал, односно парада на фолклорни групи и други уметничко-забавни активности во близина на плажата Боуџафар.
Фоторепортерот на АА ја забележа атмосферата на улиците на овој туниски град.