Ekipa
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Изгледа Твитер тешко наоѓа купувачи и губи пари, и одлучил да ја намали својата работна сила ширум светот за девет проценти, јавува Anadolu Agency (AA).
Твитер, кој се бори со големата конкуренција како што се Фејсбук, Инстаграм и Снапчат, денес соопшти дека очекува со преструктуирање на работната сила да заштеди меѓу десет и 20 милиони долари.
Од крајот на 2014 година, Твитер бројот на своите корисници месечно го зголемуваше за 15 милиони, за да во јуни оваа година достигне бројка од 313 милиони корисници. Во исто време, Фејсбук доби дополнителни 319 милиони луѓе, па неговиот број на корисници достигна речиси неверојатни 1,7 милијарди.
Твитер стави голем залог на опцијата видео во живо, и сака да биде прв во делењето мислење во реално време.
Според податоците на компанијата, во Твитер се вработени 3.860 лица.