Nuri Aydın,Behlül Çetinkaya
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
САРАЕВО (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот вирусот Ковид-19 е потврден кај 47.358.232 лица, а се излекуваа 34.059.724 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 1.211.983 лица.
Во светот моментално има 12.086.525 активни случаи на вирусот, од кои 86.636 се во тешка состојба.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 9.567.543 заразени и 236.997 починати лица.
Следува Индија со 8.267.623 заразени лица и 123.139 починати. Во Бразил заразени се 5.554.206 лица, а починаа 160.272 заболени.
Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.