Erdoğan Çağatay Zontur
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ЛОНДОН
Транспортен авион на британските воздушни сили допатува во Лондон со нов контингент на заштитна медицинска опрема од Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ербас А400М“ на Кралската воздушна флота рано утринава слета на аеродромот „Бриз Нортон“ со заштитна медицинска опрема која во текот на денот ќе биде дистрибуирана во болниците низ земјата.
Бројот на починати од Ковид-19 во Велика Британија вчера изнесуваше 828, при што се искачи на вкупната бројка од 17.337.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,5 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 177.000. Бројот на излекувани лица од вирусот изнесува речиси 682.000.
Товарен авион на турските воздушни сили во изминатите денови доставија уште два контигенти помош во Велика Британија, а и тогаш се работеше за медицинска опрема која е неопходна во борбата против пандемијата на Ковид-19.