Michael Gabriel Hernandez
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ги запрел сите легални имиграции во САД во период од најмалку 60 дена, за да ги заштити Американците кои останале без работа во екот на пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со запирањето на имиграцијата, невработените Американци ќе ги ставиме во првите редови за вработување“, изјави Трамп во Белата куќа.
„Би било погрешно и неправедно за невработените Американци, кога би се дозволило работните места да ги пополни нов бран имигранти. Прво мора да се погрижиме за работниците Американци“, изјави тој.
Трамп додаде дека откако ќе истече почетниот 60-дневен период, тој ќе одлучи дали е потребно дополнително време.