Behlül Çetinkaya
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ИСЛАМАБАД
Во последните 24 часа во Пакистан од последици предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 17 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 209, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека во последните 24 часа позитивни на тестот на Ковид-19 биле 533 лица, со што во оваа земја бројот на лица кои се позитивни на Ковид-19 се искачи на 9.749.
Од 26 февруари, кога заразата за првпат е забележана во Пакистан, досега излекувани се 2.156 пациенти, а заедно со 17 смртни случаи во последните 24 часа, во оваа земја вкупниот број на починати е 209.
Во последните 24 часа во земјата се направени 5.636 теста на Ковид-19, вкупно 118.020 досега.
Територијално гледано, најзагрозена покраина во Пакистан е Пенџар со регистрирани 4.328 лица позитивни на Ковид-19, додека најмал број од 51 лице позитивни на тестот на Ковид-19 има делот на Кашмир кој е под контрола на Пакистан.