Riyaz Khaliq Khaliq
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Австралија соопшти дека ги признава кинеските вакцини против коронавирусот „Синофарм“, за оние што доаѓаат во таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управата за терапевтска стока на Австралија (TGA) соопшти дека добила дополнителни информации кои покажуваат дека овие вакцини пружаат заштита и потенцијално ја намалуваат веројатноста дека патникот кој доаѓа ќе го пренесе вирусот на другите додека е во Австралија или дека ќе се чувствува лошо поради Ковид-19.
Признавањето на кинеските вакцини доаѓа во момент кога билатералните односи меѓу двете земји се на ниско ниво по барањата на Канбера да се испита потеклото на коронавирусот.
Австралија ја призна и вакцината Коваксин, од произведувачот „Барат Биотек“ од Индија. Претходно е призната и другата кинеска вакцина што ја произведува „Синовак“.
Признавањето на кинеските и индиските вакцини значи дека многу граѓани на Кина и Индија, како и на другите земји во регионот во кои овие вакцини се широко распространети, сега ќе се сметаат за потполно вакцинирани при влез во Австралија.
„Ова ќе има значајно влијание врз враќањето на меѓународните студенти и патувањето на квалификуваните и неквалификуваните работници во Австралија“, се додава во соопштението на ТГА.
Австралија од избивањето на пандемијата во декември 2019 година пријави 172.030 случаи на Ковид-19, вклучувајќи 1.743 смртни случаи.
Вкупно, во светот за помалку од две години, од последиците на коронавирусот починаа повеќе од пет милиони лица.