Betül Yürük
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ЊУЈОРК
Сојузната американска држава Мисури поднесе тужба против Владата на Кина обвинувајќи ја дека на светот му кажува лаги во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Јавното обвинителство на Мисури на суд ја даде Владата на Кина и Комунистичката партија на Кина обвинувајќи ги дека во врска со пандемијата „кријат информации, ги приведуваат оние кои информираа и ја негираа заразната природа на пандемијата“.
Потенцирајќи дека кинеските активности се причина за смртните случаи во државата Мисури и предизвикале сериозни економски проблеми, во обвинението се наведува „Владата на Кина на светот ѝ искажа лаги за опасноста од Ковид-19 и за нејзината заразна природа и не направи речиси ништо за да го сопре ширењето на болеста низ светот. Владата на Кина треба да се смета за одговорна за овие активности.“
Од друга страна, 22 претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом кој е долното крило на американскиот Парламент сакаат да поднесат тужба против Кина до Меѓународниот суд на правдата кој е под раководство на Трамп.
Соединетите Американски Држави (САД) станаа епицентар на пандемијата како земја во светот со најголем број детектирани лица позитивни на новиот тип коронавирус и земја со најголем број смртни случаи.
Според податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД на тестот за Ковид-19 позитивни биле 814.587 лица, додека досега се регистрирани 43.796 смртни случаи.