Vesna Besic
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ЊУЈОРК
Граѓаните на Њујорк оставаат цвеќе пред контејнерските мртовечници на Болничкиот центар „Бруклин“, Њујорк, јавува Агенција Анадолија (АА).
На овој начин оддаваат почест и се простуваат од оние што ја изгубиле битката со Ковид-19.
Њујорк е жариште на пандемијата на Ковид-19 во САД, каде што од последиците на Ковид-19 починаа повеќе од 19.000 лица, додека заразувањето е потврдено кај повеќе од 220.000 лица.