Aldijana Hadzic
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
МОСТАР
Стариот мост во Мостар синоќа беше осветлен во боите на знамето на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мостот е осветлен во боите на турското знаме по повод одбележувањето на еден век постоење на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM).
„Големото народно собрание на Република Турција одбележува 100 години од постоењето. Славиме со радост“, се соопштува од Генералниот конзулат на Република Турција во Мостар.
Големото народно собрание на Република Турција е основано на 23 април 1920 година.