Muhammed Emin Canik
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
БУЕНОС АИРЕС
Во Бразил, во изминатите 24 часа од последици на Ковид-19 починаа 610 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 9.146, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 9.888 лица.
Според овие податоци, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Бразил во моментот изнесува 135.106.
Во соопштението се наведува дека причината за смртта на 1.782 лица за кои се сомнева дека починале од Ковид-19, сѐ уште се истражува.
Во Бразил досега се излекувани 55.350 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Бразил, според бројот на заразени и починати од последици на Ковид-19 е најпогодената латиноамериканска земја.