Hamdi Yıldız
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ЈЕМЕН
Во северозападниот дел на Јемен, во областа Хаџе, за време на бомбардирање животот го загубија 4 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата „Доктори без граници“ (MSF) преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во болницата во областа Хаџе која се наоѓа во близина на границата со Саудиска Арабија, во Одделението за итна помош е донесено едно седумгодишно дете со рана од шрапнел во пределот на окото.
Во објавата се наведува дека во бомбашкиот напад загинале 4 лица, од кои едно е таткото на ранетото дете.
Од друга страна, Хусите објавија слично соопштение во кое наведуваат дека во градот Абс кој се наоѓа во областа Хаџе, коалициските сили предводени од Саудиска Арабија извршиле бомбардирање во кој животот го загубиле 4 цивили, од кои има и дете на четиригодишна возраст.
Коалициските сили засега не дадоа никаков коментар на оваа тема.
- Бомбашки напад врз контролна точка
Бомбашки напад е изведен врз контролна точка на која биле позиционирани единиците на Хизам Емни кои се поврзани со Јужниот совет за транзиција поддржан од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во областа Ебјен. Од експлозијата животот го загуби еден војник, а еден војник е ранет.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Од август минатата година областа Ебјен е поделена на два дела, меѓу силите на јеменската Влада и вооружените милиции кои се дел од Јужниот совет за транзиција.
Јемен секој изминат ден е сѐ поблиску кон распаѓање на државата како резултат на судирите меѓу Хусите поддржани од Иран и Јужниот совет за транзиција кој е поддржан од ОАЕ.