Nuri Aydın
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 2,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет-страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 2.500.993.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Амеикански Држави (САД), каде што вкупно 787.960 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 204.178 случаи, Италија со 181.228 случаи, Франција со 155.383 случаи, Германија со 147.103 случаи и Велика Британија со 124.743 случаи.
Во Кина, каде што за првпат се појави овој вирус, откриени се 82.758 случаи.
Земји со повеќе од 10.000 регистрирани случаи, според „Worldometer“ се:
Турција (90.980), Иран (84.802), Русија (52.763), Белгија (40.956), Бразил (40.814), Канада (36.831), Холандија (34.134), Швајцарија (28.063), Португалија (20.863), Индија (18.658), Перу (16.325), Ирска (15.652), Австрија (14.873), Шведска (14.777), Израел (13.883), Јужна Кореја (10.683), Чиле (10.507), Саудиска Арабија (10.484) и Еквадор (10.128).
Од епидемијата на Ковид-19 во светот починаа вкупно 171.693 лица, а излекувани се 658.114 лица заразени со вирусот.