Gözde Bayar
21 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) денес испратија 55 камиони хуманитарна помош во северозападната сириска покраина Идлиб, каде што на милиони луѓе очајно им е потребна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите влегоа во Сирија преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во јужната турска област Хатај, која граничи со Идлиб.
Помошта ќе биде дистрибуирана до населението во градот Идлиб и околните рурални подрачја.
Сирија е опустошена од граѓанска војна што започна во 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад со жестока свирепост се обиде да ги разбие продемократските протести.
Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе ги изгубија животите, а над 10 милиони се раселени.
Идлиб спаѓа во рамките на деескалационата зона, според договорот постигнат меѓу Турција и Русија кон крајот на 2018 година.
Подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често се прекршуваа од страна на режимот на Асад и неговите сојузници.