Emel Gözellik,Murat Özgür Güvendik
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на луѓето заразени со новиот вид на коронавирус во светот надмина 51,8 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 51.833.034.
Досега во светот починаа 1.279.917 лица заразени со Ковид-19, додека оздравеа 36.405.467 лица позитивни на вирусот. Во моментов активни се 14.147.650 случаи.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди САД, каде се заразени 10.568.714 лица.
Според бројот на заразени, по САД, следуваат Индија (8.636.011), Бразил (5.701.283), Франција (1.829.659), Русија (1.817.109), Шпанија (1.443.997), Аргентина (1.262.476), Велика Британија (1.233.775), Колумбија (1.156.675), Италија (995.463), Мексико (978.531) и Перу (925.431).