Zehra Ulucak
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, во светот надмина 4,8 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет-страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.804.846.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што вкупно 1.527.664 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Русија со 281.752 случаи, Шпанија со 277.719, Велика Британија со 243.695, Бразил со 241.080, Италија со 225.435, Франција со 179.569 случаи и Германија со 176.651 случај.
Според последните податоци, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Турција изнесува 149.435.
Според „Worldometer“, земјите каде што бројката на откриени случаи на Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
Иран (120.198), Индија (96.169), Перу (92.273), Кина (82.954), Канада (77.002), Белгија (55.280) и Саудиска Арабија (54.752).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 316.711 лица. Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.858.806 лица.