Islam Uddin
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бомбаш самоубиец денес изведе напад врз Авганистанската национална разузнавачка агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалната телевизија „Толо њуз“ (Tolo News), најмалку седум лица загинале, додека над 40 се повредени во нападот врз Националната дирекција за безбедност во покраината Газни, југозападно од главниот град Кабул.
„Најголем дел од загинатите се вработени во Националната дирекција за безбедност“, објави телевизијата, повикувајќи се на локалните здравствени власти.
Нападот се случи еден ден откако претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, и неговиот политички ривал Абдула Абдула, потпишаа договор за споделување ингеренции, со цел да стават крај на неколкумесечниот политички ќор-сокак.
Одговорноста за нападот ја презедоа авганистанските талибанци.
Ова е втор самоубиствен напад на бунтовничката група во текот на изминатата недела врз воени објекти во земјата.