Nuri Aydın
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на починати поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 230.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, од Ковид-19 во светот починаа 230.244 лица, додека бројот на случаи со овој вирус во светот се искачи на 3.256.832 лица.
Најголем број на смртни случаи поради Ковид-19 се регистрирани во САД, каде починаа 62.208 лица.
По САД, следуваат Италија со 27.967 починати, Велика Британија со 26.097 починати, Шпанија со 24.543 починати, Франција со 24.087 починати, Белгија со 7.594 починати, Германија со 6.518 починати, Иран со 6.028 починати, Бразил со 5.541 починат, Холандија со 4.795 починати и Кина со 4.633 починати.
Земјите каде бројката на починати надмина 1.000 лица се следни:
„Турција (3.174), Канада (2.996), Шведска (2.586), Швајцарија (1.737), Мексико (1.732), Ирска (1.190), Индија (1.079) и Русија (1.073)“.
Во светот од Ковид-19 се излекувани 1.028.686 лица, додека 1.997.902 лица се во процес на лекување.