Hasan Esen
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 468 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 34.466, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение објавено на социјалните мрежи ја потврди Министерството за здравство на оваа земја.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 починале 468 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 34.466.
Во последните 24 часа се откриени уште 3.451 случај со Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 240.161.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се направени 136.486 тестирања за Ковид-19, со што бројот на вкупно извршени тестирања во земјата се зголеми на 2.489.563.